Вкупно 283 приговори за резултатите од екстерното тестирање

Откако минатиот петок беа објавени резултатите од екстерното тестирање, во текот на неделата незадоволните матуранти можеа да пратат приговор до Државниот испитен центар.spiro1Среќата им се насмевна или знаењето им се оправда на вкупно 130 матуранти, додека приговорите на 133 ученици не беа прифатени. Од Министерството за образование известуваат дека остануваат уште 20 за кои ќе се одлучува по извештај од Државниот просвете инспекторат.

„Многу е мал процентот на поднесени приговори што е уште еден доказ и потврда дека екстерното овој пат помина без проблеми и забелешки“, рече Ристовски.

Вкупно 283 приговори за резултатите од екстерното тестирање на учениците од завршните години од средните училишта биле доставени до Државниот испитен центар до вчера до кога и беше крајниот рок за пријавување.