Кажи нешто: Натпревар во блогирање за средношколци

Одлична можност да биде награден вашиот написи, фотографија или видео со кое ќе ги искажете своите идеи и ставови на зададени теми, а сето тоа поставено на еден блог.kazinesto
Во тек е натпреварот којшто има цел да ги поттикне младите луѓе во Македонија да ги употребуваат новите информатички технологии на практичен начин и да се изразат креативно преку музика, видео, фотографија или пишување.

Во периодот од 24 декември 2013 до 30 април 2014 година сите заинтересирани средношколци од 14 до 18 годишна возраст може да се регистрираат на веб-страната www.kazinesto.org.mk каде што ќе може да најдат ПРИРАЧНИК за блогирање.

Секое училиште може да пријави неограничен број учесници. Блог може да пријави ученик-поединец или тим од пет ученици, а може да се учествува и со веќе постоечки блогови.

„Кажи ТЕХНОЛОГИЈА“ со подкатегориите живот онлајн, хакеризам, мобилен интернет, мобилни апликации и „Кажи СТИЛ“ со подкатегориите: љубов, култура, спорт и зелен“ се двете зададени теми за изработка на блогови.

Најдобрите три блога ќе бидат наградени по завршувањето на натпреварот, во мај 2014, на официјален настан за прогласување на победниците.