Презентација за борба против трговија со луѓе

Денес, четврток, нашето училиште повторно беше домаќин на високи претставници на Американската амбасада. obamaОвој пат, поводот беше иницијативата на претседателот на САД Барак Обама месец јануари да го прогласи за месец на борба против трговијата со луѓе. За таа цел, политичкиот асистент за владеење на правото Кристина Каранакова, раководителот на одделот за борба против трговија со луѓе Spencer Fields и претставничката на Министерството за труд и социјални работи Светлана Цветковска пред нашите ученици одржаа предавање на таа тема и се обидоа преку конкретни примери и вистинити приказни да им покажат колку одблиску понекогаш демне опасноста.

Предавањето се одржа во новата модерно опремена сала за состаноци во нашето училиште.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ФОТОГАЛЕРИЈАТА ОД ОДРЖАНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.