Ивана Василева пласирана на државен натпревар по англиски

Викендов СОУ „Димитар Влахов“ беше местото каде учениците од втора година можеа да ги проверат своите знаења по англиски јазик. Натпреварот е во организација на ELTAM (Асоцијација на наставници по англиски јазик и книжевност на Р. Македонија).
Истовремено беше одржан општински и регионален натпревар во 11 градови од земјата. Свое учество зеде ученичката Ивана Василева под менторство на Верица Јанкова која со општинското второ место обезбеди настап и на регионалното тестирање. Најверојатно двојката и е среќен број, па затоа и на вториот, регионален натпревар одржан на 3 мај го доби второто место.

Со тоа обезбеди учество на државниот натпревар по англиски јазик. Тестот ќе се состои од два дела: Reading comprehension со траење од 30 минути и Use of English со траење од 60 минути.

Честитки за регионалниот успех и им посакуваме многу среќа во републичката фаза од натпреварот.