Како поминавме на деветтата симулација на МЕП (Модел Европски Парламент)?

На деветтата МЕП сесија која се одржа од 18ти до 20ти ноември во Интернационалното училиште НОВА во Скопје зеде учество и СОУ Јане Сандански претставувајќи ја Италија за време на сесиите.
Учесниците се натпреваруваа на англиски јазик и беа распределени по следниве комитети:
  • Комитет за транспорт и туризам – Елена Шапкова
  • Комитет за вработување и социјални односи – Стефани Поповска
  • Комитет за безбедност и одбрана – Вера Солевска
Исто така, поради учеството на Интернационалната сесија на Модел Европски Парламент, Љубица Поп-Трајкова се здоби со можност да биде претседател на комитетот за безбедност и одбрана.
Сите ученички беа под менторство на професорката Виолета Николова.
Како поминавме на деветтата симулација на МЕП?

3

Оваа година бев поопуштена за разлика од претходната, поради тоа што веќе знаев што се случува. Благодарна сум што повторно се здобив со шанса да одам на МЕП. Истовремено се здобив и со нови знаења во областа на дебатирањето, транспортот и туризмот во Европската Унија. Да не ги заборавиме и новите пријатели кои ги запознав за време на симулацијата.

 – вели Шапкова, ученичка од IV година.

 

 

 

2

 

 

Шансата да бидам дел од државна симулација на толку млада возраст никако неможев да ја испуштам. Одлично си поминав, запознав многу луѓе, а научив и многу повеќе нешта. Сега преостанува само да си ги наполнам батериите со надеж за следната сесија.

– вели Солевска, ученичка од II година.

 

 

 

Голема чест ми беше да претседавам со комитет оваа национална сесија заедно со останатите членови од делегацијата на Македонија во Будимпешта. Да се биде претседател за мене беше ново и интересно искуство и им посакувам на сите делегати да ја имаат шансата да поминат низ етапите и искуствата на МЕП кои што јас имав шанса да ги поминам.

– вели Поп-Трајкова, ученичка од IV година.

15226551_1212092752217442_1473954160_n

Ретки се можностите за млади луѓе како нас да искусат едно такво доживување како МЕП. Многу сум среќна и благодарна за шансата што ми беше дадена да бидам дел од оваа симулација. На секој му посакувам барем едно такво искуство во животот, бидејќи може да научи многу работи и запознае многу луѓе а истовремено и да си помине убаво.

– вели Поповска, ученичка од II година.

41

1171 Вкупно 2 Денес