Конкурс за литературен состав посветен на градот Струмица

Power of Words

Со литературни творби (поезија и проза) посветени на градот Струмица, може да се конкурира во три категории, за ученици од основно и средно образование како и за возрасни автори.

За секоја од трите категории ке се доделат: прва, втора, и трета награда.

Литературните творби посветени на градот Струмица треба да се достават в0 3 (три) печатени примероци, со шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана адресата: Локална Установа Библиотека “Благој Мучето” Струмица ул. “Благој Мучето” бр. 26 Струмица, со назнака на горниот десен агол ” Конкурс за доделување на награда за литературен состав посветен на град Струмица” и шифрата.

Изборот за наградените ќе го изврши Комисијата за општествени дејности при општина Струмица.

Конкурсот трае заклучно со 27 ноември 2014 година. Творбите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

Дополнителни информации може да добиете од вашите професори по македонски јазик и литература.