Конкурс за „Млади поети“ – со две творби до награди

Денес започнува едномесечен конкурс насловен како „За млади поети“ кој за првпат ќе се  реализира оваа година година, а има за цел да ги поддржи и потикне младите креативци.
article-new-thumbnail-ehow-images-a01-uh-tf-write-fountain-pen-800x800Кои се критериумите?
Ако веќе имате наполнето 15 години и досега немате објавено збирки на поезија, тогаш одговорете на предизвикот!

Агенцијата за млади и спорт очекува најмалку две поетски творби од сите заинтересирани ученици, а најдобрите ќе бидат наградени парично (15.000, 10.000 и 5000 денари).

Творбите ќе ги оценува комисија формирана од Агенција за млади и спорт, а најдобрите ќе се најдат во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2014 година.

Kако да се пријавам?
Секој кандидат своите дела треба да ги достави во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „предлог” под шифра, а другиот со документација со иста шифра ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.

Адресата на која треба да се достават авторските дела е:
Агенција за млади и спорт
Сектор млади
Ул. Френклин Рузвелт бр. 34, 1000 Скопје
Со назнака „за Конкурсот Млади поети“

Конкурсот трае од 1 Септември до 30 Септември 2014 година.