МАКСИМАЛНИ 100 ПОЕНИ за Најдобриот штанд оваа година на МАССУМ

18052321_10211986548675536_1129639978_o      На 21 и 22 април, 2017 година, во СЕПУГС “Васил Антевски Дрен” СКОПЈЕ се одржа младинската асоцијација на средни стручни училишта во Македонија. Во петок, на 21 април беа изложени штандовите на училиштата учесници, меѓу кои беше и штандот од нашето училиште. Темата на штандот беше одберена врз основа на дилемите кои ги имаат младите луѓе во врска со нивната кариера и крстопатот на кој наидуваат при избор на кариера и професија.

Уникатноста, креативноста и сеопфатноста на штандот целосно ги исполни критериумите на оценување и како резултат на тоа беше награден со максимални 100 поени добивајќи ПРВА НАГРАДА на образовното рандеву 2017.

Во изработката на штандот беа вклучени ученички од четврта година, и тоа:

  • Марија Малинова
  • Ѕвезда Иванова
  • Кристина Попова
  • Зорица Николова
  • Елена Митева
  • Верица Ристова

Ученичките беа под менторство на професорките Катерина Милушева, Гордана Василева Вукашиновиќ, Јованка Михаиловиќ и Македонка Манушева од кои дел од нив се исто така и кариерни советници.

18090881_10211986549715562_1077932613_o18042862_10211986553715662_1994843675_o

18042998_10211986553475656_500874248_o18110920_10211986553515657_1696273150_o

 

18090724_10211986553795664_1038820286_o