МЕП 4: Што прави нашиот клуб викендов во Скопје?

Нашето училиште со свои претставници веќе четврти пат е дел од „елитното“ друштво на млади кои зборувајќи на англиски симулираат Европски парламент во Македонија. mep4Меѓународното училиште „Нова“ овој викенд, 21-23 февруари е домаќин на МЕП клубовите од 20 средни училишта во Македонија.

Заедно со другите 60-тина ученици се натпреваруваат Димитар Дончев, Мартина Соколова и Васил Поп-Стојанов под менторство на Виолета Николова – професор по англиски јазик.

Нашата екипа претставува делегација од Словенија поделена во три комитети, Димитар за Вработувањa и социјални работи, Мартина за Уставни прашања и Васил во комитетот за Развој.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ФОТОГАЛЕРИЈАТА ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МЕП 4

Преку јавно говорништво кое се одвива на англиски јазик се одредуваат 5 најдобри ученици кои ќе ја сочинуваат делегацијата на Македонија на интернационалната конференција во Австрија, Виена во месец март 2014 година.

Целта на овој проект е да се запознаат младите со функционирањето на Европскиот Парламент и за таа цел се организираат симулации во кои што секое училиште претставува една од земјите членки на Унијата.