Методи Белчовски ќе учествува на математичка Олимпијада 2014

Викендов во Скопје се одржа државниот натпревар по математика традиционално организиран од Сојузот на математичари на Македонија. 15Вкупно 13 наши ученици беа дел од републичкото натпреварување заедно со своите ментори Елена Лазарева и Петруш Џорлев. Математичката екипа ја сочинуваа Димитар Бајрактаров од прва година, Глигор Шунтов, Данче Панова и Мартина Николова од втора година, од трета година учествуваа учениците Виолета Џорлева, Кристина Шунтева, Љубица Томчева и Методи Белчовски, додека од четврта беа Марија Велкова, Ирена Попова, Саве Здравевска, Сања Стојкова и Георги Витанов.

Натпреварувањето беше најсреќно за Методи Белчовски кој доби трета награда и со тоа обезбеди учество на државната математичка Олимпијада 2014 која ќе се одржи во Скопје.

Иако Димитар Бајрактаров беше единствен претставник од прва година, освен во програмирање, годинава го доби своето признание и за знаењата во областа на математиката преку првата пофалница. Пофалници добија и ученичката Мартина Николова од втора година под менторство на Божана Лазарова и ученикот Георги Витанов од четврта година под менторство на Петруш Џорлев.

Менторите безрезервно го користат своето време и се постојано во служба на учениците. Од оваа Олимпијада ќе се бираат учесниците на светска Олимпијада, па затоа на ученикот Белчовски му посакуваме многу среќа!