Мини интервју: Музичкиот бенд е во акција!

Паралелно со многуте успеси на математичарите, хемичарите, солистите, во понатамошниот период се очекува вистински бум на креативноста и иновативноста на учениците Атанас Крстев, Горги Горѓиев, Столе Велков и Александар Цамбулев.
Во ова наше мало катче ви пренесуваме неколку нивни видувања и одговори токму за формирањето на новиот бенд!

Како би опишале еден ваш ден без музика и дали воопшто можете да го замислете истиот?
Искрено кажано ден без музика воопшто не е ден. Без разлика дали е од типот на поп, рок или џез сеедно! Музиката е насекаде и таа ни го исполнува денот и искрено не можеме ни да се сетиме на ден поминат без музика.
Од кога почнавте да функционирате како бенд?
Идивидуално со музика се занимаваме од многу мали нозе, а како бенд функционираме неколку месеци. Доста е поразлично кога си сам и кога си во бенд. Овде веќе имаме тимска работа која бара многу посветеност, но бидејќи ние сме средношколци, не можеме да си дозволиме многу време за проби преку неделата.
Дали се чувствувате подготвени да настапувате некаде?
Најреално веруваме дека сеуште не сме, но со секојдневните подготовки длабоко сме убедени и се надеваме дека за неколку месеци ќе бидеме ТОП подготвени за настап.
Дали во иднина од вас може да се очекуваат големи дела?
Секако! Се надеваме, секако на слава, па дури можеби и пробивање на македонската естрада! Никогаш не се знае кога ќе ти се насмевне среќата!
Како го замислувате тој ,,СВЕТ НА СЛАВНИТЕ” и дали се гледате таму еден ден?
Не можеме да зборуваме за во иднина, но не би било погрешно ако кажеме дека не сакаме да сме дел од светот на славните.Со музика, пари, многу обожаватели, турнеи, одговорности, забави.
И за крај, ќе можете ли да ми кажете нешто за стилот на музиката која ја свирите?
Па најмногу сакаме да свириме рок и поп. Бидејќи меѓу младината овој вид на музика најмногу популира.

Им посакуваме среќа и многу успеси!