Над 230 ученици пријавени за меѓународниот Кенгур натпревар

Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР 2014 ќе се одржи в четврток,  20 март со почеток во 11 часот.martКЕНГУР е познат за сите ученици како најзабавен натпревар по математика кој на многумина им дал шанса барем еднаш да ја почувствуваат тремата и возбудата пред натпреварување со огромна конкуренција. Традицијата за одржување на овој најпопуларен натпревар ја одржува Сојузот на математичари на Македонија, а опфатени се учениците од 1 одделение до четврта година средно образование.

Импресивна бројка од над 230 ученици од нашето училиште во ист термин со средношколците од други 25 пријавени средни училишта ќе бидат дел од КЕНГУР 2014 година.

Секој учесник на натпреварот, традиционално ќе добие мала награда. За учесниците со најдобри резултати предвидени се награди, дипломи, пофалби.

Натпреварот е од меѓународен карактер и дека досега добиените дипломи, пофалници и потврди од овој натпревар беа вреднувани при уписите во средните училишта и на некои факултети, како и при аплицирање за стипендии при МОН.