Софија Манчева и Невена Николова со награди за есеи

YES Алумни Македонија при Американски Совети за Меѓународно Образование ги одбра најдобрите есеи за толеранција, духовни вредности и религиски разлики.kamenimostНа темата почитување духовни вредности, верби и искуства различни од вашите како и поседување фер и објективен став за луѓето со различна раса, боја, националност и идеи пишуваа неколку ученици од нашето училиште.

Награди за своите есеи на англиски јазик зедоа Софија Манчева од четврта година под менторство на Катерина Тасева, а и Невена Николова од трета година со нејзиниот ментор Невенка Стојанова.

„Првото што го помислувам пред да започнам со пишување е цитатот: „Тоа што е напишано без труд – се чита без задоволство“. Затоа посветувам внимание и се трудам да ја доведам секоја реченица до совршенство на моите можности“, рече наградената Невенка за којашто ова е втор награден есеј по англиски јазик.

Ученичките велат дека голема мотивација се нивните професорки по англиски јазик кои секогаш ги насочуваат и им помагаат. Според нив, мора да читате редовно, да вложувате труд во себе и во текстот којшто треба да се натпреварува.

„Мене ме мотивира и чувството да создадам лично мое дело како уникатна творба која ќе се разликува од сечија друга на светот. Сметам дека за да добиеш награда треба да се издвоиш од другите, ама и да имаш малку среќа“, ни откри Софија која патем и прв пат се натпреварува со есеј на англиски јазик.

Честитаме за втората награда на Софија, третата на Невена и успехот на нивните ментори!