Нашата веб страна е една од најдобрите во Македонија!

На натпреварот МАССУМ (Младинска асоцијација на средни стручни училишта во Македонија) кој се одржуваше два дена викендов, 22.04 и 23.04 нашето училиште учествуваше во повеќето дисциплини. Една дисциплина во која зеде учество беше Веб страна, каде што беше претставена веб страната на нашето училиште.

Според резултатите, нашата училишна веб страна е рангирана на второ место на младинската асоцијација!

veb

Веб страната беше презентирана од страна на ученикот Никола Тошев, потпомогнат од страна на Нина Хаџи-Котарова.

Учениците беа под менторство на професорката Софија Тошева.

 

1437 Вкупно 1 Денес