Нашето училиште и Јилдис Тинас Измироглу официјално збратимени

Нашите ученици и ментори ја искористија возвратната посета на пријателите од Измир за многу дружење, споделување искуства, запознавање со културните знаменитости, стекнување нови пријателства, но и официјализирање на соработката.iiizmirЧетиридневниот престој во Измир започна со прекрасен дочек во средното училиште Јилдис Тинас Измироглу, па бројни прошетки во околината на Измир, Кушадаси, Смирна, забава со градоначалникот на општина Чили и министерот на националното образование, како и едночасовен настап на нашите ученици.

Меѓу другото, целта на возвратната посета беше официјално потпишување на Повелбата за збратимување на двете училишта со што добиваме непречено продолжување на понатамошната соработка.

На 11 март, последниот ден од гостувањето, директорките на двете училишта го ставија својот потпис на документите кои претставуваат круна на еден нов, засега успешен и се надеваме долгорочен проект.