Топол дочек во Измир [ФОТО]

Нашата 30-члена екипа тргна на возвратното патување во Измир на 7 април, каде што ќе се претстави со своја културно-уметничка програма.
panoИсти лица, ист повод, ист проект. Единствено локацијата на оваа средба е различна. Овој пат екипата од нашето училиште којашто учествуваше во проектот збратимување со училиштето Јилдис Тинас Измироглу од Измир отпатува на гости во Турција.

По 15-тина часа патување по дождливото време автобусот стигна до турското училиште каде што беше организиран топол пречек. Тапани и весела музика пред автобусот, македонско знаме на училиштната зграда, табло со заеднички фотографии, настап на градскиот оркестар, богата традиционална турска трпеза… само дел од топлиот пречек на нашите пријатели.

Разгледајте како нашите ученици го поминаа својот прв ден во Измир преку ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

Нашите претставници велат дека навистина уживаат во гостопримливоста на нивните домаќини, но и во убавините на Измир и Турција воопшто.