Предавања од UACS American college

Овој период учениците од четврта година имаат можност да присуствуват на предавања и презентации на различни факултети со цел да се запознаат со можностите кои ги имаат пред себе по завршувањето на матурата. americanДенес, 25 март, во нашето училиште присуствуваа еминентни професори од UACS Американ Колеџ од Скопје кои одржаа предавања од различни области, како во гимназиските така и во економските паралелки.

Предавачи беа: доцент д-р Кокан Грчев, доцент д-р Илијана Петровска и доцент д-р Вено Пачовски.