Ново злато за одбојкарките на нов терен!

Општинскиот турнир беше само подготвителна фаза за успесите на нашата женска одбојкарска екипа. Зонското натпреварување кое се одржа денес ни носи уште една среќна вест – благодарение на нашите 15 златни девојки. odbojkaРегионалното натпреварување беше уште еден повод за ново злато во витрините на нашите спортисти. Победничката екипа на професорот Спасе Пиличев е составена од нашите ученички Елена Пандева, Ана Нистрова, Марија Ричлиева, Милена Коцева, Даниела Кечева, Костадинка Илиева, Мартина Владевска, Соња Тасева, Кристина Комарова, Фиданка Нацевска, Елена Костова, Сандра Бабулова, Стела Бабулова, Виолета Џорлева и Марија Ташурова.

Честитки за сите наши одбојкари кои денес, по којзнае кој пат, успешно го претставија нашето училиште.