Обука: Како до активно учество на учениците со посебни потреби?

Нашето училиште е повеќегодишен партнер на USAID во YES мрежа којa обезбедува можности за постојан професионален развој на професорите како и создавање иновативни механизми за средните училишта.asistivnaДенес започна уште една обука која е дел од проектот „Еднаков пристап за еднакви можности“ на USAID и невладиното здружение „Отворете ги прозорците“. Во просториите на хотел Тивериопол се зборуваше за e-пристапно образование и aсистивна технологија за ученици со посебни образовни потреби.

Целта е да се поттикне инклузијата и активното учество на учениците со посебни потреби во редовното образование преку промовирање на примената на асистивната (пристапна) технологија во наставата. Асистивни се оние уреди кои се прилагодени за олеснување на работата на компјутер за лица со посебни потреби: тастатура со големи кирилични копчиња, џоистик како замена за глувче, екран на допир и слично.

Нашето училиште беше претставувано од педагогот – Жаклина Михајлова, дефектологот – Марија Карамучева и професорите Гордана Василева, Стаменка Џорлева, Билјана Костадинова и Полина Ашикова. Обуката е дводневна и ќе продолжи во текот на утрешниот ден.

Инаку, проектот започна да се реализира во 2011 година кога 20 основни училишта од земјава добија асистивни уреди и софтвер, како и обуки за 200 наставници и 100-тина педагози и психолози за примена на ИТ-технологијата кај децата со хендикеп и со посебни образовни потреби.