Одржана обука за меѓуетничка интеграција во образованието

Нашето училиште беше дел од обуките кои се предвидени преку проектот на USAID во Македонија што го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование. Во овој проект беа опфатени сите професори и службите во училиштето.409765_315966695170361_1889567381_nОваа среда во просториите на нашето училиште се одржа обука на тема: Проект за меѓуетничка интеграција во образованието.

Целта на овој проект кој ќе трае четири години е да поттикне градење на свесност и обезбедување разновидни обуки, техничка помош и стимул за училишните одбори, директорите на училиштата, наставниците и за вработените во општините-одговорни за образованието, за поддршка на меѓуетничката интеграција во образованието.

Заедно со општините Тетово, Битола и Бутел, општина Струмица е дел од четирите пилот општини, кои во првата година од проектот ќе поминат низ пробните модули за обука, во кои се опфатени 40 основни и 17 средни училишта.

Центарот за човекови права и разрешување конфликти како партнер организација на USAID ја подготови обуката која ги вклучи сите професори и службите во училиштето:педагог, раководителите на смена, секретарот, дефектологот и благајничката.

Присутните беа поделени во две групи и работеа со шест обучувачи: директорката Вања Велева, психологот Жаклина Михајлова, професор по математика Драгица Стамболиска (претставник од Советот на родители), Славица Милева-Ефтимова (претставник од Училишниот одбор), Божана Лазарова и Елена Лазарева – професори по математика.

Обуката помина во најдобар ред, а присутниот мастер-обучувач од Скопје – Роза Перусоска го изрази своето задоволство преку позитивните коментари и пофалби за сработеното.