Општински натпревар во фудбал!

Во понеделник, на 30 март се одржа општинскиот натпревар во фудбал, кој требаше да се одржи на 27 март, но беше одложен поради временска непогода. На натпреварот се натпреваруваше и екипа од нашето училиште.

Фудбал
Фудбал

На натпреварот нашето училиште изгуби на пенали 2-3 против СОУ „Никола Карев“, но го доби вториот дуел  против СОУ „Димитар Влахов“ со 4-3.

Со оглед на добрите резултати, екипата се пласираше на играње во зоната против Штип, Валандово и Радовиш.

Наредниот натпревар ќе се одржи на 6-ти март, в понеделник.

Им честитаме на спортистите и нивниот ментор, Гоце Кончалиев, и им посакуваме многу среќа во наредната фаза!