ПАТРОНАТ 2015: И родителите ќе запеат на сцена

Без музика во нашето училиште не поминува ниту една минута. Каде и да поминеш, низ ходниците од секаде одекнува нечиј глас кој звучи прекрасно. Најмногу музика излегува од кабинетот по музичко образование каде што се сплотени сите талентирани музичари. Тие се подготвуваат за своите настапи на сцена.

Нешто за кое се подготвуваат во овој период, е патрониот празник на училиштето. Се разбира, без нашите хористи и без оркестарот никако не би поминала свечената академија.

Годинашната свечена академија по повод 100 години од смртта на Јане Сандански и 70 години настава на македонски јазик во училиштето ќе биде во знакот на нашите, македонски корени. Публиката ќе ужива во поетско рецитирање на успешни и реномирани поранешни ученици на училиштето, промоција на монографија, химна и знаме.

Хорот и оркестарот овој пат ќе бидат во уникатно друштво на талентирани членови од нивното потесно семејство. Тие ќе свират и пеат со родителот од кого потекнува нивниот талент кој го поседуваат.

За заедничка јавна изведба со микрофон и инструменти в раце на сцената во на сцената во НУЦК „Антон Панов“ ќе ги видиме
– Ивана Гушева со својот дедо
– Слободанка Караманова и Катерина Караманова со својот татко
– Ана Цамбулева со својот чичко и Александар Цамбулев со својот татко
– Илијана Ѓоргиева со својот татко
– Магдалена Стојанова со својата мајка
– Ана Глигорова со својот татко
– Зоран Трендов со својот татко

Сите тие поседуваат голем талент кој ќе ви го прикажат на сцената на свечената академија во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.