Учениците од МАССУМ со себе донесоа дури 6 награди

На МАССУМ Образовното Рандеву кое се одржа во Велес, масовно учество зеде и нашето училиште.

Од учеството на вкупно 10 категории, Маркетинг план, Подготвен говор, Интервју за работа, Талент шоу и соло пејачи, Најдобра поетска творба, Модна ревија, Серва, Кошарка, Штанд и Реклама, учениците со менторите се вратија со 6 награди, од кои:

I и II место – соло пеење (повеќе тука)

I место – серва

II место – најдобар штанд

II место – модна ревија

II место – најдобра реклама

Серва:
Во серва настапија Пале Николовска, Мартин Велиновски, Моника Котева и Ване Јованов. Се здобија со прва награда на образовното рандеву.

sport1Освен серва, од областа на спортот имаше и баскет екипа која стигна до четврт финалето, која беше составена од учениците Милан Абазовиќ, Ирена Ристова и Васил Манавски.

Учениците беа предводени од професор Гоце Кончалиев.

Најдобар штанд:
Ученичките Марија Јованова, Живкица Бонева, Верица Терзиева и Софија Христова од четврта година предводени од нивните ментори Катерина Милушева и Јованка Михаиловиќ, беа наградени со II награда за најдобар штанд.

sport3

Модна ревија:

sport2

На модната ревија креаторките Гонце Динишева, Ана Глигорова, Стојанка Енимитева, Елена Маџирова и Сања Пушкарова заедно со нивните модели Марија Абрашева, Елена Лазаровска, Љубинка Накова, Сара Панова, Надица Стојчева, Марија Милушева, Цонка Коцева, Велика Стојанова и Благица Василева беа наградени со II награда за нивната креативност. Нивната тема беше „Етно елементи“.

Ученичките беа под менторство на професорката Катерина Милушева.

Најдобра реклама:
Душко Ристов, Стојан Тунев и Ѓорги Георгиев предводени од професорите Митко Тошев и Бобан Цветковиќ се здобија со II награда.

Кликнете ОВДЕ за да ја погледнете рекламата.

Честитки до сите наградени ученици и нивните ментори, им посакуваме многубројни понатамошни успеси.

2132 Вкупно 1 Денес