Поставете си цели во животот

Текст на Полина Ашикова – професор по економија и сметководство                                                                      Поставете си цели во животот

Мора да имате цел, бидејќи тешко е да стигнеш до место кое го нема, исто како што е тешко да се вратите од место каде воопшто не сте биле. Дали повеќето луѓе имаат цел? Изгледа дека не. Трагично е што голем број на луѓе мислат дека работат за успех, мислат дека ќе постигнат успех. Дали луѓето што не успеваат во животот впрочем го планирале својот неуспех? Проблемот е во тоа што тие ништо не ни планирале.

Постојат четири основни причини:
1. Тие никогаш не се биле убедени.
2. Тие не знаат како.
3. Тие се плашат дека нема да ги достигнат целите или се срамуваат.
4. Имаат сиромашна слика за себе. Тие мислаат дека не заслужуваат добри работи кои животот може да ги пружи.
   Дали постои опасност при поставувањето на цели? Да, постои опасност, но ризикот е многу поголем ако не си ги поставиме. Како што бродовите се изградени да пловаат по море, авионите да летаат, така и човекот е створен за остварување на цели. Целта е да извлечете сè од себе што е човечки можно, за да можете да допринесете за човештвото. Целите ќе ви овозможат да направите повеќе за себе и за другите.СОВЕТИ:

– Направете список на работи кои треба да ги направите следните три дена. Однесувајте се како да имате еден ден и сработете ја тридневната работа. Ги активирате своите ментални капацитети да размислуваат.
– Користете го вашето време само за вашата работа. Времето може да биде голем пријател, но и непријател.
– Поставете си поголеми цели. Само големите цели создаваат посебна возбуда која е неопходна за реализација. Возбудата ќе ве натера да го дадете најдоброто од вас и да ја постигнета целта. Во светот на спортистите-фудбалерот повеќе се бори против појак противник, отколку со послаб противник.
– Целите мора да бидаат долгорочни. Другите можат да ве застанат повремено-вие сте единствени кои себе може да се застанете трајно. Болести, семејни проблеми,  сообраќајна несреќа или други околности над кои немате контрола можат да бидат големи препреки. Кога имате долгорочни цели е полесно. Зошто? Препреките ќе ги гледате како отскочна даска, а не како камен од кој сте се сопнале. Вие одите се дотаму додека погледот ви достига. Ако чекаме секоја лампичка да светне зелено, никогаш нема да го почнеме својот пат.
– За да ги остварите своите долгорочни цели, мора да да имате дневни цели, да работите на вашите цели секој ден. Кревачот на тегови знае дека ако сака да постигне големи цели, тој мора секој ден да работи на јакнење и развивање на своите мускули. Дневните цели се најдобар показател и градител на личноста. Тука доаѓаат до израз посветеноста, одлучноста, дисциплината кои ќе ја обликуваат сликата за вас.
– Целите мора да бидат специфични. Ловецот не пука во јатото птици, тој избира една прица од јатото како мета. Треба да се фокусирате на една цел и разработете ја во детали со сите елементи на дневни активности и препреки. Еден ученик кој сака да го подобри успехот до крајот на годината, треба да преземе одредени чекори: секој ден колку ќе одели време за учење, доколку има пропусти во учењето, истите ќе настојува да ги надмине со одење на дополнителна настава, ќе побара помош од наставникот… Впрочем потребен ни е план.