Училиштето ќе добие свое професионално рекламно видео

Струмичките средношколци се први и единствени во Македонија кои ќе снимат лип даб спотови.

lipdabПокровител на овој голем проект којшто ги опфаќа трите средни училишта е Младински совет на општина Струмица во соработка со Отсекот за превенции при МВР и Одделението за образование.

Во лип даб видеото ќе бидат вклучени околу 150 ученици коишто имаат задача да ги прикажат квалитетите на своето училиште како и нивните дополнителни активности во склоп на средното образование.

Лип даб видеото е всушност комбинација од движења на устата синхронизирани со аудио верзија на одредена песна. Следејќи ја напредната технологија и светските трендови одговорниот тимот за нашето училиште подготви свое сценарио, а како композиција за видеото беше избрана Оптимист-СКА од познатиот македонски бенд Суперхикс.

Рекламното видео за нашето училиште ќе се снима на 27 и 28 април со помош на режисерот Горан Тренчовски, а ќе бидат употребени четири камери и дополнителни светлосни ефекти.

Сите заинтересирани за учество во овој лип даб спот може да ја контактираат Весна Велкова – педагог и координатор на проектот.

Пример за лип даб видео на еден универзитет:

408 Вкупно 2 Денес

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *