Празничен концерт со филмско издание во мрак или светлина

coverfinal

Традиционалниот петти хуманитарен новогодишно-божиќен концерт кој го подготвуваат музичарите од нашето училиште е закажан за 4 јануари 2014 година со почеток во 19:00 часот.

Околу 60-тина музичари на големата сцена во НУЦК „Антон Панов“ со еден ексклузивен концерт ќе изведат мултимедијален проект насловен како „Мрак или светлина“. Учениците ќе се најдат во улога на солисти, инструменталисти, хористи, глумци, но и добри танчери.

Вечниот дуел на мракот и светлината е околу нас во текот на целата година, но секогаш празниците се период кога сечие срце го грее топлина и блеснува светлината на човечката искреност, љубов, радост и среќа. За прв пат тој дуел ќе се изведе на сцена преку филмските ноти испишани со средношколска хуманост и весела музика.

Влезницата ќе чини 100 денари, а средствата ќе бидат наменети за лекување на Николина Митева, Мартина Стојкова и Марија Гошева. Освен преку симболична влезница својата хуманост може да ја покажете и со донирање средства пред почетокот на концертот.