Учениците од економските паралелки со рачни изработки за хумани Новогодишни и Божиќни празници

Четирите паралелки од четврта година од економската струка во нашето училиште во изминатиов период беа ангажирани во рачна изработка на интересни украси и декорации со Новогодишни и Божиќни мотиви од чија продажба парите ќе бидат насочени во хуманитарни цели. Украсите беа изработувани на часовите по практична настава во кабинетите по економија. Продажбата ќе се одржи в четврток, на 25. декември, во 10:30h во училиштниот хол, а во петок, од 10:30h економистите од четврта година ќе одржат и продажба на домашно подготвена храна. Секоја паралелка сама ќе одлучи каде ќе ги насочи собраните парични средства од продажбата на украсите.10814223_775223035859560_432492156_n