Пријавувањето на оние кои не положиле матура трае до четврток

Матурантите кои не положиле некој дел (предмет) од државната матура треба да го пријават своето полагање во августовскиот рок. bioПријавувањето за полагање во августовскиот рок се врши во просториите на училиштето. Последниот рок за пријавување е 24 јули (четврток).

Истакнати се и термините за полагање по сите предмети:

11 август – Македонски јазик – задолжителен предмет
13 август – Англиски, француски, германски јазик
14 август – Математика, филозофија
16 август – хемија, физика, биологија, историја и бизнис
* Полагањето на сите предмети ќе биде од 10:00 часот.

Интерни предмети од државна матура
19 август – 23 август

Училишна матура и завршен испит
18 август – Македонски јазик (9 часот)
Изборен дел од училишна матура и завршен испит
19 август – 23 август
Одбрана на проектна задача (9 часот)
19 август – 22 август