Професии на иднината кои може да бидат и ваши!

Направивме листа на професии кои ќе бидат меѓу најбараните во иднината ииако дел од нив не спаѓаат во најактуелните професии во Македонија . Сè што треба е да се мотивирате, да вложувате во себе и да научите да ја уживате професијата, а не само да ја работите затоа што другите го барале тоа. future jobs1.Дигитален инсталатер- ги вмрежува и ги поврзува сите високотехнолошки уреди во „паметниот“ дом;
2. Физикален терапевт– сè постарото население ќе има потреба од овој вид медицински работници, чија побарувачка само во САД ќе порасне за околу 40%, каде што тие ќе заработуваат од 76 до 110 илјади долари годишно;
3. Работен терапевт- ќе им помага на лицата со намалени телесни и ментални способности да се осомостојат;
4. Помошник во домаќинство – се грижат за постари лица во нивниот дом, а помошта се организира во соработка со центрите за социјална заштита и локалните управи;
5. Работник во куќа- административни работи, програмирање, пишување или продажба може да се одвиваат дома, што особено им одговара на мајките со мали деца;
6. Специјалист за слух- и оваа професија е диктирана од сè постарото население. Со оглед на тоа дека недостигаат вакви специјалисти во САД, се предвидува дека и нивната побарувачка ќе порасне за 37%;
7. Медицински научник – освен кон практика, медицинските факултети сè повеќе ја поттикнуваат научната работа на студентите како дел од нивната едукација. Овој кадар во иднина ќе биде сè побаран;
8. Забен хигиеничар – им помага на стоматолозите и на оралните хирурзи: чисти забен каменец, асистира на операции, ги советува пациентите. Во САД во иднина би можеле да заработуваат и до 69 илјади долари годишно;
9. Наномедицински стручњак- изработува чипови кои го следат човековото здравје, следи инфекции, болести, квалитетот на храната и сите други промени во телото;
10. Ветеринар – зголемениот број домашни миленичиња се очекува да ја зголеми побарувачката на ветеринари за 36%.
11. Оптичар – зголемената грижа за здравјето и особено за видот ќе ја зголеми потребата од овие специјалисти;
12. Неврохирург за зголемување на меморијата- помага да се зачува и да се подобри меморијата, особено на постарите лица. На луѓето, како и на компјутерите ќе може да им додава меморија или да им ги брише непотребните податоци;
13. Научник за податоци – решава деловни проблеми, анализира, ја проучува состојбата и дава препораки. Мора да знае компјутери, математика, статистика и анализа, а може да се специјализира за медицина, сигурност, маркетинг, финансии или откривање измами;
14. Cloud брокер- советува, посредува и го олеснува изборот од понудата во „облак“ и преговара за цената и за условите на испорака;
15. Дигитален архитект- проектира виртуелни згради за чие обликување користи програмирање, компјутерско моделирање, симулации и слики;
16. Организатор на виртуелно ѓубре- стручњак за управување со податоци, сигурност и вмрежување. Одредува насоки за правилно складирање и бришење податоци;
17. Вертикален земјоделец- одгледува земјоделски продукти на покриви на висококатници и на згради по принципот на висечки градини и овозможува одржливо производство на храна во текот на целата година во рамките на еден екосистем;
18. Биомедицински инженер- проектира и одржува биомедицинска опрема. Новите сознанија за гените, молекулите и органите силно влијае врз развојот на новите медицински производи и ја јакне оваа индустрија;
19. Пазарен аналитичар и маркетиншко-продажен стручњак – ја проучува состојбата на пазарот за да ги испита можностите за настап, им помага на компаниите да сфатат што сакаат купувачите и по која цена;
20. Научник за заштита на околината- за да се намали загадувањето на планетата, научниците мора да најдат нови начини за создавање енергија, па сега се обидуваат да создадат енергија и од морски бранови.