Првонаграден нашиот бенд на МАССУМ 2016

На Образовното Рандеву МАССУМ 2016, учествуваше и нашиот бенд.

Во состав од: Џоко Ѓоргиев – тапан, Ивана Гушева – соло изведувач, Александар Цамбулев – бас гитара, Зоран Трендов – соло гитара и Стојан Велков – ритам гитара, под менторство на професорот Денис Кирчанов настапуваа со сплет од две песни.

13036547_798266220308444_1674705727_o

Изведувајќи ја “Whole lotta love” – Led Zeppelin во слплет со “Back in black” – AC/DC ја кренаа публиката на нозе, го кренаа адреналинот на жирито кое остана фасцинирано од нивната изведба.

На натпреварот бендот го освои првото место и уште поголема желба за понатамошни успеси.

Честитки до менторот и учениците.