Распуст – некои го почнаа, некои ќе почекаат уште малку

Денес освен што заврши учебната 2013/2014 година туку и завршија обврските со екстерното тестирање за учениците од прва до трета година. raspustОфицијалниот крај на годината ги носи новите 82 дена од летниот распуст со што започнува одморот за учениците во Македонија.

Матурантите пак, иако најрано го славеа своето заминување од училиштето често се навраќаат во клупите и по неколку часови ги загреваат столчињата обидувајќи се да напишат колку е можно повеќе. Оценките се важни, ама улога играат и перцентилите за повисок ранг и можност за стипендија на посакуваниот факултет.

Утре со почеток во 10 часот се полага вториот предмет од испитот кој е изборен и ќе трае три часа.

Матурантите кои нема да ја положат државната матура или ќе положат само еден предмет во јунскиот испитен рок, ќе имаат втора можност на следниот испитен рок – на 13 август мајчин јазик и на 15 август изборниот предмет. Незадоволните кандидати имаат можност за приговор кој, како и лани, ќе чини 1.000 денари.