Сакам да студирам во странство – КАКО ?

mmeeeee

Студирањето во странство, иако понекогаш може да изгледа интимидирачки, тоа е опција за многу матуранти од нашето училиште. Ако сакате да студирате во странство но не знаете како да започнете дојдовте на правилното место.

1. КАДЕ ?

Без разлика дали сакате да студирате во Европа или, пак, сакате да конкурирате во прекуокеанските земји како Америка, Канада и Австралија, има неколку чекори кои ќе ги спомнеме со цел да ви разјасниме и да ги поентираме разликите при студирање и аплицирање на факултети во странство.

2. ШТО МИ Е ПОТРЕБНО ?

-ДАТУМИ: Најголемата разлика меѓу факултетите во Македонија и оние во странство е тоа што датите за апликација за факултетите се обично многу порано, па треба да ги разгледате соодветните дати за вашиот избран факултет.

-Ако планирате да аплицирате на факултети во САД, Канада или било кој факултет на англиски јазик во Европа, меѓу најважните нешта што ви е потребно е резултати од стандардизирани тестови како IELTS, TOEFEL, SAT или нивните паралели во други земји. За факултети на други јазици има соодветни стандардизирани тестови за кои може да дознаете повеќе на веб страницата на некои факултети. Повеќе информации за овие тестови може да добиете на веб страните кои се во листа подолу.

3. ШТО БАРААТ ФАКУЛТЕТИТЕ?

Факултетите во странство се фокусираат како и во Македонија на тоа да имате добар просек, но тоа не е се’. Ако сте биле дел од голем број на настани, ако сте членови на хуманитарни организации или пак имате хоби како спорт или дебатирање, сите тие работи ќе бидат земени предвид. Процесот на избор за прием е многу објективен, па ако навистина покажете дека сте квалитетен ученик, може да си потврдите место на факултетот од вашите соништа.

4. КАКО ДА ПЛАТАМ ЗА МОИТЕ СТУДИИ ?

Позитивните страни на студирање во странство изгледаат бесконечни, но една лоша страна е тоа што студирањето во странство обично е многу поскапо. Еден семестар може да ве чини помеѓу 200-20,000 евра, но без страв. Овие факултети нудат и стипендии за квалитетните ученици како вас, но и за оние со финансиски проблеми, па плаќањето не е невозможно.

Ако имате некои прашања кои не ви ги одговоривме можете да не контактирате на официјалната facebook страница на СОУ „Јане Сандански“

https://www.collegeboard.org/

http://www.ets.org/toefl