СОУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ прваци и во спорт

Месец декември започна со спортски активности. На 10ти и 11ти декември се одржаа натпревари во женски фудбал и машка кошарка.

Девојките од училиштето се покажаа многу успешно, така што го земаа првото место на ниво на Струмица, завршувајќи 11:0 на крајниот резултат. Натпреварот беше оддржан во СОУ „Никола Карев“ на 10ти декември. Ученичките беа предводени од професорот по спорт Гоце Кончалиев.

10806471_10203671161314335_8255153574598123203_n

На 11ти декември момците го претставија нашето училиште, и подобро од очекуваното. Завршија со резултат 53:26 за гимназијата, водејќи за време на целата игра. Натпреварот повторно беше одржан во салата на СОУ „Никола Карев“, и нашето училиште го освои првото место. Учениците Томислав Нефтенов, Дејан Наков, Давид Стамболиев, Милан Абазовиќ, Ѓорги Ѓеоргиев, Атанас Цветковски, Никола Тошев, Васко Манавски, Јован Кузмановски, Јордан Макаревски, Димитар Лазаревски, Ристе Соколов, Трајче Андонов, Стефан Крсмановиќ на чело со капитенот Илија Парталов беа предводени од професорот по спорт Атанас Цикарски.

image2

Им честитаме на момците, девојките и на професорите за нивните успеси, и им посакуваме уште ред други.