Што е професионална ориентација и кариерно советување?

Не само што после професионалната ориентација/кариерното советување ќе ви биде јасно кои се вашите потенцијали и по кој пат е најдобро да тргнете за да ги остварите, туку ќе направите и јасни патокази на тој пат.Што подразбира професионалната ориентација?

kariera3

Професионалната ориентација е наменета за учениците од основните и средните училишта, а обично опфаќа тестирања (тестови на способности, лични карактеристики, професионални интереси) и интервјуа кои имаат за цел да ги соберат потребните информации за ученикот (интереси, таленти, мотивации, вредности и сл.). Процесот вклучува и дел на психолошко советување кое подразбира сумирање на резултатите од проценката и надминување на потенцијалните препреки на ефикасноста во реализирањето на кариерниот план.

Кариерното советување во основа е слично на професионалната ориентација со тоа што процесот е прилагоден на потребите на учениците кои сакаат да го испитаат и преиспитаат својот избор. Во однос на професионалната ориентација значајна е разликата во примената на додатни тестови кои се однесуваат на самиот кариерен развој, како и темите на кои е фокусирано интервјуто со заинтересираниот ученик. Психолошкото советување е усмерено на составување на индивидуален кариерен план и ојачување на личноста (ученикот) за превземање на сите потребни чекори во неговата реализација.

Не само што после професионалната ориентација/кариерното советување ќе ви биде јасно кои се вашите потенцијали и по кој пат е најдобро да тргнете за да ги остварите, туку ќе направите и јасни патокази на тој пат. Затоа, ако се пронајдовте во некоја од опишаните групи, не се двоумете да го направите важниот чекор. Креирајте го вистинскиот избор…