Учениците од нашето училиште овој викенд (3-5 Октомври) учествуваа на симулација на парламентот на Европската Унија насловена Модел Европски Парламент. Учениците Верица Китанова, Фросина Андреева и Миле Грнчаров од 3ти до 5ти Октомври заедно со нивниот ментор Виолета Николова успешно ја извршија симулацијата чија цел е запознавање на младите со тоа како работи Европскиот Парламент, преку дебатирање и учење.
На МЕП симулацијата учествуваа ученици од 20 училишта од цела Македонија кои имаа можност да дебатираат на теми од невработеноста на малдите до грѓанската војна во Сирија. Награда за најдобрите дебатери е учество на меѓународната симулација на Модел Европски Парламент која оваа година ќе се одржува во Луксембург. Резултатие сеуште не се објавени.
Ученици од СОУ “Јане Сандански” на симулација на Европски Парламент
