Училишниот хор и оркестар, прво место на регионалните хорски и оркестарски смотри

Викендов нашето училиште беше магнет за награди. По големите успеси на Образовното Рандеву МАССУМ 2016, викендов го завршивме со натпревар хорски и оркестарски смотри.

Натпреварот беше одржан во ОУ”Видое Подгорец” – Струмица каде учествуваше хорот на нашето училиште под менторство на професорката Анита Станковска и бендот под менторство на професорот Денис Кирчанов.

13082648_856206941158016_8967331094970840815_n
13064690_856207047824672_5087003777239488018_o
-“Нe сме ниту кошаркари, ниту ракометари туку само “тимови” на хор и бенд. Благодарение на трудот на нашите ученици, оваа година повторно освоивме прво место и натпреварувањето го продолжуваме во Кавадарци на државните хорски и оркестарски смотри.- вели професорката Станковска.

Освојувањето први места полека станува традиција за нашите музички таленти. Им честитаме на учениците и нивните ментори и им посакуваме среќа во Кавадарци на државниот натпревар и уште поголеми успеси понатаму.