Утре ќе биде полуфиналниот настап на Француска шансона

Утре, сабота, со почеток во 11 часот во Младинскиот културен центар во Скопје ќе бидат отпеани 41 француска шансона од средношколци. frankofonОрганизаторите имаат ограничување од само тројца учесници од едно училиште, а годинава свое учество обезбедија Стефанија Стамболиска од четврта година, Васко Дедејски од трета година и Слободанка Гражданлиева од втора година.

Од сите учесници само 12 ќе обезбедат учество во финалето кое ќе се одржи следната недела, 28 март, а победникот обезбедува патување во Париз!

Девојките ќе пеат во придружба на Саше Урдовски (гитара) и Христијан Мучев (бас гитара), додека Дедејски ќе отпее на матрица. Искуството кај сите наши учесници е многу големо и струмичката јавност многу добро ги знае нивните вокални способности кои се надеваме дека ќе ги препознаа и стручното жири од Институтот за француски јазик.

Стефанија Стамболиска ќе настапи како 22-ра со својата изведба на мега-популарната „Последен танц. Со неа работеа професорите Михајло Пепиќ и Денис Кирчанов:

Васко Дедејски е само еден од двајцата машки натпреварувачи кој во својот тим ги има професорките Нада Божијанова и Анита Станковска и ќе настапи како претпоследен со шансоната:
Слободанка Гражданлиева се подготвуваше со професорите Ристо Ташев и Денис Кирчанов и ќе настапи во првиот блок, 9-та по ред со песната: