Викенд со шест општински, регионални и државни натпревари

Иако викендот е симбол на одморањето на учениците, кога накратко се опуштаат и ги ставаат на пауза своите работни училишни обврски, сепак тоа не е така за дел од учениците кои го негуваат натпреварувачкиот дух.Регионалниот натпревар по хемија ќе биде во СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ во Штип каде нашите ученици ќе се сретнат со средношколците од Штип, Берово, Виница, Делчево и Радовиш.

Во Штип утре ќе патуваат учениците Софија Божиновска, Ана Мицевска и Софија Галева од четврта година; Анета Ѓоргиева, Ивана Зеленкова и Гордана Пандева од трета година;  Марија Абрашева, Ивана Шарламанова, Мартина Николова, Сања Пушкарова, Игор Влахов, Глигор Шунтев и Никола Колев од втора година;  и Даниела Митрова, Оливера Страторска, Димитар Бајрактаров, Елена Устапетрова, Александар Цамбулев, Ана Цамбулева и Вероника Поповска од прва година.

Физичарите ќе го имаат регионалниот натпревар во Радовиш. Таму ќе се натпреваруваат Ѓорги Витанов од четврта година; Божанка Ристова и Кристина Шунтова од трета година; Александра Манзаклиева, Ана Тодорова и Сања Дамјановска од втора година; Ирена Ристова, Нина Хаџи Котарова и Никола Ристов од прва година.

Во Охрид во тек е спортската Гимназијада која ќе трае до 10 мај, а нашето училиште го претставуваат избраниците на Гоце Кончалиев и Спасе Пиличев како машка и женска одбојкарска екипа.

Ученичката Вања Китанова патува во Делчево за да биде дел од 16-от по ред Државен натпревар по предметот Македонски јазик и литература за средното образование. Право на учество на овие натпревари имаат сите ученици од III година коишто следат настава на македонски јазик или на еден од јазиците на заедниците во РМ. Натпреварот е во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на РМ.

Ученичката Ивана Василева обезбеди пласман на државниот натпревар по англиски за втора година откако го освои второто место во регионот. Таа се подготвувааше под менторство на професор Верица Јанкова.
Нашето училиште ќе биде домаќин на општинскиот натпревар по биологија. Се надеваме дека учениците ќе покажат добри резултати на домашен терен.