Водич за матура – втор дел

Сите правила и корисни информации за процесот на полагање на Државна матура ги имате овде.
Секој кандидат од тестаторот добива тест, листа за одговори и две лепенки со бар-кодови со кои се загарантирани анонимноста и објективноста при оценувањето. Едниот бар-код се лепи на насловната страница на тестот, а другиот на листата за одговори од ученикот.

Пред да почне со решавање на тестот кандидатот задолжително треба да ги прочита упатставата дадени на насловната страница на тестот и на листот за одговори.

За време на испитот кандидатот не смее да ги нарушува правилата за полагање односно:
– не смее да има кај себе хартија, мобилен телефон и други електронски направи;
– не смее несоодветно да се однесува (се обидува да го прекине испитот, им пречи на другите кандидати, упатува закани кон тестаторите или набљудувачте);
– не смее да разменува информации поврзани со испитот;
– не смее да препишува од друг кандидат;
– не смее да дозволи сопстениот труд да го користи друг кандидат;
– не смее да пишува недлични знаци или содржини на тестт или на листата за одговори;
– не смее да пишува знаци или содржина што упатува на идентитетот на кандидатот;
– не смее да не го предаде целиот или дел од испитот.

Кандидатот што и покрај опомената од страна на тестаторот продолжува и понатаму да ги нарушува правилата за полагање, во зависност од тежината на прекршокот ќе биде отстранет од испитот и/или ќе му бидат поништени екстерните/интерните испити од државата матура со забрана за полагање во наредниот испитен рок.
Кандидатот што завршил порано, по предавањето на испитниот материјал може да ја напушти просторијата во секое време, освен во првите 30 минути од почетокот на испитот и во последните 15 минути пред крајот на испитот.