Второ место за Гушева Ивана на МАССУМ во категоријата Поетски творби

Како што знаеме уште од мали нозе нашата ученичка Ивана Гушева се занимава со пишување поезија и рецитирање.

На Образовното Рандеву МАССУМ 2016 Ивана имаше можност пред стручното жири да рецитира лична творба.

13020614_996284417087219_1056796948_n
Под менторство на професорките Сузана Гојкова и Катерина Ќосева, нашата ученичка го импресионираше стручното жири со моќта за искажување емоции преку стихови и го освои второто место во конкуренција со многу ученици од сите градови.

Честитки до ученичката и нејзините ментори, ѝ посакуваме уште поголеми успеси понатаму.