Проблемот со дива сеча на шума на платно

Сè почести се настаните кои даваат можност за креативно изразување на младите преку користење на нивните уметнички способности. slikaСредношколската ликовна колонија којашто беше одржана денес по иницијатива на еколошкото друштво „Планетум“, а во организација на општина Струмица и Младинскиот совет, даде мошне интересни дела на тема „Дива сеча на шума“.

Во овој настан, директно на терен, во градскиот парк, беа вклучени неколку наши ученици, заедно со нивните пријатели уметници од средните училишта во Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ДЕЛАТА НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ (КЛИК)
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.412611505505879.1073741882.235232726577092&type=3&uploaded=6

Ликовната колонија се реализира во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско општество, а целта е подобрување на соработката на сите заинтересирани страни за намалување на дивата сеча и зачувување на шумскиот фонд како природно богатство во регионот и на национално ниво.

Предвидено е делата создадени на колонијата да бидат презентирани на 26 септември на изложбата отворена на месноста „Чам Чифлик“ над Струмица, а по повод светскиот ден на чисти планини.