Проблемот со дива сеча на шума на платно

Сè почести се настаните кои даваат можност за креативно изразување на младите преку користење на нивните уметнички способности. slikaСредношколската ликовна колонија којашто беше одржана денес по иницијатива на еколошкото друштво „Планетум“, а во организација на општина Струмица и Младинскиот совет, даде мошне интересни дела на тема „Дива сеча на шума“.

Во овој настан, директно на терен, во градскиот парк, беа вклучени неколку наши ученици, заедно со нивните пријатели уметници од средните училишта во Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ДЕЛАТА НА НАШИТЕ УЧЕНИЦИ (КЛИК)

Средношколската ликовна колонија којашто беше одржана денес по иницијатива на еколошкото друштво „Планетум“, а во органи…

Posted by СОУ „Јане Сандански“ – Струмица on Wednesday, September 18, 2013

Ликовната колонија се реализира во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско општество, а целта е подобрување на соработката на сите заинтересирани страни за намалување на дивата сеча и зачувување на шумскиот фонд како природно богатство во регионот и на национално ниво.

Предвидено е делата создадени на колонијата да бидат презентирани на 26 септември на изложбата отворена на месноста „Чам Чифлик“ над Струмица, а по повод светскиот ден на чисти планини.

332 Вкупно 1 Денес

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *