Денес, среда, се одржуваат советите за II и IV година, а утре за паралелките од I и III година.Крајот на првиот класификационен период пристигнува по првите 45 работни дена.
Работата на советите на паралелките ќе се состои од:
1. Тек на наставата во првиот класификационен период во учебната 2013/2014
2. Разгледување на успехот на учениците во првиот класификационен период
3. Разгледување на редовноста на учениците и изрекување на педагошки мерки
4. Запознавање со обврските на учениците за одржување и чување на компјутерите затоа што ќе бидат потребни за екстерното оценување
5. Запознавање со Правилникот за начинот на организирање и спроведување на екстерното проверување на учениците
За I-ва година – Правилник за одржување на компјутерите, работната облека и тоги
За II-ва година – запознавање со изборните предмети и проектните активности
За III-та година – Правилник за изведување на Екскурзијата предвидена со програмата на училиштето
За IV-та година – запознавање со активностите околу Државната Матура
Термините за родителските средби кои ќе се одржат во текот на идната недела ќе бидат дополнително соопштени на нашата официјална страница.