Обука: Средните училишта и мултимедијата

Викендов во хотел Илинден се случи обука на ученици и наставници од средните училишта како активност во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. multimediaОбуката беше корисна за присутните учесници да се стекнат со знаења за подготовка на мултимедијални интернет содржини во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието за специфични теми како што се стереотипи во печатените и електронските медиуми, неверодостојно известување, предрасуди и говор на омраза.

Присутните учесници научија што се вести, сторија, интервју и како да пишуваат стории, да фотографираат, да пишуваат текстови, да снимаат видео записи со изјави, да уредуваат, да подготвуваат и да уредуваат содржини и да пишуваат на веб.

Предност за нашата четиричлена екипа беше стекнатото едногодишно искуство со функционирањето на веб-сајтот и официјалната фејсбук страница. Некои учеа како да креираат сопствени стории за активностите што се спроведуваат во нивните училишта, но претставниците од нашето училиште имаа прилика да го презентираат досега сработеното и да подучуваат како се постигнува успех и читаност во медиумскиот простор.

Плус, учесниците имаа можност да работат во групи, да соработуваат и да споделуваат различни искуства во однос на активностите кои ги спроведуваат нивните училишта во рамки на ПМИО.

Тимот на нашето училиште го сочинуваа учениците Никола Тошев и Тања Тодорова од втора година заедно со менторите Софија Тошева – професор по информатика  и Гордана Донева – професор по македонски