Денес и утре се советите на паралелките

409765_315966695170361_1889567381_nДенес, среда, се одржуваат советите за II и IV година, а утре за паралелките од I и III година.Крајот на првиот класификационен период пристигнува по првите 45 работни дена.

Работата на советите на паралелките ќе се состои од:

1. Тек на наставата во првиот класификационен период во учебната 2013/2014

2. Разгледување на успехот на учениците во првиот класификационен период

3. Разгледување на редовноста на учениците и изрекување на педагошки мерки

4. Запознавање со обврските на учениците за одржување и чување на компјутерите затоа што ќе бидат потребни за екстерното оценување

5. Запознавање со Правилникот за начинот на организирање и спроведување на екстерното проверување на учениците

За I-ва година – Правилник за одржување на компјутерите, работната облека и тоги

За II-ва година – запознавање со изборните предмети и проектните активности

За III-та година – Правилник за изведување на Екскурзијата предвидена со програмата на училиштето

За IV-та година – запознавање со активностите околу Државната Матура

Термините за родителските средби кои ќе се одржат во текот на идната недела ќе бидат дополнително соопштени на нашата официјална страница.