Текст на Викторија Јанушева – ученик во прва година. Животот е триумф на постоење
Познавам луѓе кои се откажале, сум го видела начинот на којшто живеат ако тоа се нарекува живеење. Зошто? Би рекла поради времето. Сите сме робови на времето, тоа минува, разјадува сè пред нашиве очи, а ние стануваме бледа слика на сè што ќе видиме и сите сме под влијание на таа енергија. Хипнотизирани сме, без вистинска љубов. Чувствуваме дека нешто не е во ред, немаме храброст да ги отвориме очите и да кажеме дека е доста, едноставно да се разбудиме од овој долг сон и да направиме нешто корисно. Од мое гледиште не постои тркало на животот, туку само карма која некогаш им удира етикета на сите според своите заслуги.
Но, како и да е, никој не се грижи за останатите. Сите сме сами на светов. Поголемиот го јаде помалиот.