Водич за матура – прв дел

Државната матура во гимназиското, уметничкото и во средното стручно образование со четиригодишно траење има двојна улога. Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование, овој испит има цел да послужи и за селекција на кандидаите за упис на универзитетски студии.
Обрски на кандидатот
– еден ден пред испитот кандидатот е должен да провери на огласната табла во кои простории ќе ги полага испитите.

На денот на испитот
– кандидатот треба да биде 30 минути пред почетокот на испитот пред испитната просторија во која е распределен;
– должен е со себе да носи документ за идентификација (лична карта, патна исправа или ученичка легитимација со фотографија и печат од матичното училиште;
– во испитната просторија своите лични работи да ги остави на место определено за тоа;
– да носи со себе прибор за пишување (сино пенкало и други средства што се предвидени со испитната програма).