Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ за упис во прва година беа обезбедени 376 места во 11 паралелки.Од вкупната бројка нови ученици кои ги прима училиштето 238 се во гимназиското образование, а останатите 138 во стручното образование.
По денешниот втор уписен рок гимназиско образование се запиша уште 17 ученика и остануваат уште 47 слободни места. На економскиот смер во овој рок се запишаа 17 ученика, а остануваат уште 48 слободни места.
Третиот уписен рок ќе биде на 21 август.