Заврши вториот уписен рок

Во средното општинско училиште „Јане Сандански“ за упис во прва година беа обезбедени  376 места во 11 паралелки.1559832_516920911741604_8973600285507546449_nОд вкупната бројка нови ученици кои ги прима училиштето 238 се во гимназиското образование, а останатите 138 во стручното образование.

По денешниот втор уписен рок гимназиско образование се запиша уште 17 ученика и остануваат уште 47 слободни места. На економскиот смер во овој рок се запишаа 17 ученика, а остануваат уште 48 слободни места.

Третиот уписен рок ќе биде на 21 август.