Признание за Митко Тошев и објавување меѓународен научен труд

На меѓународен конкурс кој месецов се одржа во Вршац учествуваше и професорот и академски сликар Митко Тошев.
Со победата на меѓународниот научен собир тој доби право да пишува меѓународен научен труд кој треба да биде објавен во септември.

Тој доби Сертификат од меѓународниот научен собир во Вршац: ДАРОВИТОСТ И КРЕАТИВНОСТ – РАЗВОЈНА ПЕРСПЕКТИВА КРЕАТИВНЕ ПЕРФОРМАНСЕ. Научниот труд ќе биде објавен на повеќе јазици на тема „Карактеристики на креативниот процес на настанување на ликовно уметничко дело“. Во трудот е претставена и нашата гимназија СОУ „Јане Сандански“ од Струмица-Македонија!

Честитки за успехот и големото меѓународно признание за нашиот професор Митко Тошев!